Живот
24. March 2019 - 14:14

Се соблекол гол на аеродром и застанал да чека ред, патниците шокирани: Маж ја остави облеката на подот и чекаше мртов ладен

Општо е познато дека треба да се облечете удобно кога тргнувате на пат, но еден од патниците за Севастопол премногу буквално го сфатил советот и решил да патува целосно гол.

Не само што се соблекол пред очите на патниците, туку така, како од мајка роден застанал во редот и инсистирал да се качи на авион. Полицијата мораше да реагира на московскиот аеродром Домодедово и да го задржи упорниот 38-годишен московјанин.

Многу од патниците веднаш ги грабнаа своите телефони и почнаа да го снимаат несекојдневниот настан, па така може да се види како мажот ја остава на подот својата торба и облеката, и така соблечен гол застанвуа во ред и стрпливо чека да влезе во авионот. Во едем момент дури и се прекрстил.

На една друга снимка се гледа голиот патник како седи на подот со лисици на рацете, опкружен со полиција која се обидува да дознае што точно се случило кога се обидел да протрча низ рампата за качување во авионот.

По расправата со полицијата поради тоа зошто го задржале на аеродром, мажот легнал на подот, а потоа е однесен во локалната амбуланта. Потоа е однесен во болница.