Се слуша ли гласот на младите внатре во партиите? Знаат ли за дијалогот младите политички опоненти?
Се слуша гласот на младите во партиите, иако некогаш имаат различен став од претседателот на нивната партија, тврдат лидерите на политичките подмладоци кои се дел од владината коалиција.
Но прашањето кое се поставува е колку често претседателите на политичките подмладоци комуницираат меѓусебно? Или пак ги следат стапките на лидерите на своите партии, кои на маса седнуваат да се договорат за избори или во случај на некоја вонредна состојба. Во ситуација пред избори, во каква се наоѓаме во моментов, факт е дека дијалогот меѓу младите политички опоненти не е нешто со кое можат да се пофалат.
Од ВМРО-ДПМНЕ за Сител велат дека не се појавиле на денешната трибина, оти според нив, таа е само предизборна манипулација.
На денешната трибина Улогата кон младите во зајакнувањето на демократската култура, вицепремиерката Грковска испрати порака дека комуникацијата меѓу политичките субјекти мора да биде континуирана активност, особено за прашањата за кои треба да се изгради консензус.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар