-->
-->
Се санираат ударните дупки на улиците во Ѓорче Петров
-->
Општина Ѓорче Петров почна со крпење на ударните дупки и прекопи на улиците и булеварите на своја територија.
- Ќе бидат санирани сите ударни дупки кои се увидени по направената инспекција од страна на инспекторите од Секторот за урбанизам, но и по пријави на граѓаните кои писмено интервенирале во општината. Со планот за работа опфатени се повеќе од педесетина улици каде е неопходна санација, соопшти општина Ѓорче Петров.
Крпењето на ударните дупки ќе трае до крајот на овој месец. Изведувач на работите е градежната фирма „Битем“ од Скопје, а за оваа намена одвоени се два милиони денари од општинскиот буџет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка
-
Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
-
Претрес во Карпош, уапсен 18-годишен дилер
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните