Се санираат штетите во поплавените објекти од вчерашното невреме во Виница

Во Виница се санираат штетите од вчерашното невреме во кое наврнаа над 55 литри на квадратен метар, при што беа поплавени поголем број објекти за живеење и деловни простории.
Од Локалната самоуправа информираат дека првично пристигнале над 60 пријави за поплавени приземни и подрумски простории во индивидуални домаќинства, како и магацински и деловен простор кај дваесетина стопански субјекти.
– Веднаш по невремето до Територијалната противпожарна единица од Виница пристигнаа 25 повици за интервенции, главно кај поплавени индивидуални објекти, индустриски згради, а штети од невремето има и во ОУ „Гоце Делчев“ и општинската зграда. Освен нашите пожарникари, на терен излегоа и екипи од ЈКП „Солидарност“, а на помош беа повикани и интервенираа и Територијалната противпожарна единица од Кочани и Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Упатуваме голема благодарност до сите служби кои беа на висина на задачата, како и до Дирекцијата за заштита и спасување која помогна со потопни пумпи и друга опрема. Иако најголем дел од последиците на невремето се веќе отстранети, на нивно санирање се работи и во текот на денешниот ден, истакна градоначалникот на Виница, Миле Петков.![]()
Штети од поплавувањето претрпеле стопанските објекти покрај регионалниот патен правец во месноста Горица на влезот во Виница од правец на Кочани, индивидуални домаќинства на улиците „Славчо Стојменски“, „Маршал Тито“, „Илинденска“ и „Кочо Рацин“, како и објекти на Јакимовски пат.
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
