Се санираат штетите од ноќешните поплави во Тетово
Во Тетово и неколку околни села по ноќешните обилни врнежи од дожд голем број куќни дворови и подруми беа поплавени, а настрадаа и возила. Во текот на денот граѓаните продолжија со отстранување на водата и наносите кои ноќеска не успеaлe да ги извадат.
Најпогодени, според Општина Тетово, се жителите на село Ѓермо, како и во населбата Горна чаршија каде десетина граѓани мораа ноќта да ја поминат во зградата на пожарната, по што се вратија дома претпладнево.
Улиците околу касараната во Тетово најчесто се поплавуваат, а така беше и ноќеска.
-Секој пат кога има дожд страдаме со комшии, еднаш за секогаш треба да се реши. Имам работилница за автоелектрика и каналот и дуќанот постојано ми се полни со вода. Морам постојано да фрлам работи, вели Душко Илиевски.
-Поплава на сите куќи околу касарна. Се поплавија машини во подрум од кои преживува семејството. Неколку машини од 500-600 евра се расипани. Трет пат се поплавуваме. Нема обесштетување од општина, изјавија од семејството Абдула.
-Поплави големи. Одвај се браневме, од 1975 сме овдека и секоја година се поплавуваме, изјави Муарем Мурати.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами изјави дека повеќе критички точки, како кај касарна, повторно се поплавени. Така беше и со подвозници на излез кон Скопје и кон Фалише.
-Нема соодветна канализација, тоа е причината. Ние денеска на состанок на Кризен штаб одлучивме да се следат ситуациите и превентивно на критични точки да се интервенира, попладне ако има пак дожд, да не се повторат поплавите. Бараме од Владата да помогне во санирање на штети. Претходно не ни излезе во пресрет Владата и се надеваме дека сега ќе помогнат на граѓаните кои имаа штети поради поплавите. Сите општински ресурси се потрошени, за сериозно ни треба помош и на нас од Владата, рече Касами.
За долгорочно решение, градоначалникот Касами рече дека некаде се прават веќе активности, а на некои им е потребна помош.
-Подготвуваме атмосферска канализација кај касарна, и кај подвозниците планираме сериозни зафати за да нема поплави. Во Шипковица со проект на УНДП сакаме да се среди речното корито. Со години не е инвестирано ништо и затоа е потребно сега повеќе да се инвестира и интервенира, рече Касами.
За тоа што граѓаните не добиле помош при поплавите во мај, Касами најави дека ќе има на првата седница на новиот Совет.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ
-
На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време
-
Приведен криминалец од Грчец баран со потерница