Македонија
7. December 2016 - 9:19

Се санира мостот на патот Неготино - Војшанци, сообраќајот пренасочен

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај, соопшти изутринава Диспечерско-информативниот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.