Македонија
2. November 2015 - 16:44

Се самоуби млад охриѓанец, се фрли од 5 спрат

Маж на возраст од 36 години, вчера утрината си го одзел животот скокајќи од петти кат.

Самоубиството се случило на булеварот „Туристичка“ во Охрид во близина на кружниот тек. Мажот скокнал од 5-тиот кат од зградата во која живеел.

Телото е пратено на обдукција, а полицијата извршила увид на местото.