Се реконструира училиштето „Илинден Мождивњак 2“ во Крива Паланка
Освен реконструкција на централното училиште „Илинден“ во Крива Паланка, се прави комплетна промена на постоечкиот објект на подрачното училиште „Илиден Мождивњак 2“ во село Мождивњак. Реконструкцијата ќе опфати промена на столаријата, замена на подови, нова канцеларија за наставници.
- Деновиве започна градежна експанзија во подрачното училиште „Илиден Мождивњак 2“ во село Мождивњак. Ќе биде извршена комплетна промена на столаиријата, ќе се изврши промена на подовите, а ќе биде и поставена нова фасада со пресуван стиропор. Исто така, планирана е и изградба на нова канцеларија за наставници, изјави директортот на ООУ „Илинден“, Оливер Дејановски.
Тој додаде дека инфраструктурните промени ќе бидат завршени до први сепември, па, учениците ќе имаат можност да учат во подобри и поквалитетни училишни простории.
За овие реконструктивни зафати се обезбедени два милиона и двесте илјади денари од Минстерството за образование на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки