Се реконструира споменичниот комплекс „Илинден“ во Крушево

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Прилеп интензивно работат на реконструкцијата на споменичниот комплекс „Илинден“ во Крушево, проект од Програмата на Владата и на Министерството за култура.
Проектот, соопшти Министерството за култура, опфаќа заштита на петте дела од кои е составена споменичната целина: платото и почетокот на комплексот насловен „Раскинато ропство“, импровизираната гробница, училницата и куполата во форма на боздоган каде што се сместени останките на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев.
Во согласност со предвидената динамика, стручните екипи на Прилепскиот завод активно работат на екстериерната реконструкција. Се спроведуваат санациски и конзерваторски работи на армирано-бетонските елементи на почетокот на комплексот, како и на училницата составена од 280 седишта од бетонски цилиндрични елементи. По завршувањето на активностите на екстериерот, ќе се пристапи и кон целосна обнова на внатрешноста на овој многу значаен објект. Претходно беше извршена и санација на потпорниот ѕид околу споменичниот комплекс.
Целосната реализација на проектот, чија цел е презентација на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава пред домашните и странските посетители, предвидена е за 2017 година.
Споменичниот комплекс „Илинден“ се протега на површина од 12 хектари и е дело на уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска.
Ново на Сител
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
-

Зеленски: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина
-

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
