Се реконструира подрачното училиште во демиркаписко Прждево

Се реконструира подрачното училиште во демиркаписко Прждево, кое работи во рамките на Основното училиште „Димче Ангелов-Габерот” од Демир Капија.
-Реконструкцијата опфаќа изградба на два тоалета, санација на кровната конструкција, замена на постоечката столарија со нова, нови врати и прозорци, поставување нова подна конструкција и изградба на спуштени плафони, молеро-фарбарски работи, надворешно и внатрешно, за МИА појасни Менче Николова, директор на демиркапиското училиште.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за образование и наука и се очекува реконструкцијата да заврши до крајот на месец април. Во подрачното училиште се образуваат седум ученици од прво до петто одделение. За време на реновирањето на училишната зграда, тие наставата ја следат во централното училиште.
Ново на Сител
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
-

Завршни зборови на судењето против Стојанче Јовановски - се бара максимална казна
-

Филипче: Вајц потврдува дека владата на Мицкоски не сака во ЕУ
-

Одбележан Светскиот ден за безбедност и здравје при работа
-

Сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Денарот стабилен, довербата расте, депозитите во пораст
-

Преглед на вестите од светот
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
