Се реконструира ООУ „Илинден“ во Крива Паланка

Во тек се реконстурктивни активности на централното општинско училиште „Илинден“ во Крива Паланка. Станува збор за реконструкција на десет училници, во кои ќе се изврши промена на подовите, обнова на елктричната инсталација и кровните површини. Градежните активности се планирани да завршат до почетокот на новата учебна година.
- После неколку години започнавме со градежна експанзија на ООУ „Илинден“, каде што ќе биде сменет подот на три училници, инсталацијата на четири училници и на другите училници ќе биде сменета ѕидната и кровната конструкција, изјави директорот на ООУ „Илинден“, Оливер Дејановски.
Одговорните по завршувањето на овие инфраструктурни активности планираат да инвестираат во промена на столаријата во училниците на приземјето.
Според Дејановски учениците во ООУ „Илинден“ ќе имаат подобри и поквалитетни услови за учење.
За реконструктивните зафати обезбедени се околу 800.000 денари од буџетот на централното општинско училиште „Илинден“.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
