Македонија
11. August 2021 - 9:05

Се реконструира дел од кејот на реката Луда Мара

Во тек е реконструкција на дел од кејот на реката Луда Мара во Кавадарци, во близина на социјалната зграда.

– Се работи за дел од кејот на реката Луда Мара, од мостот на улица „Видео Смилевски“ до наредниот мост на улицата „Димката Ангелов Габерот“. Со тоа ќе се добие една целина се до село Ваташа. Во буџетот се планирани 3,8 милиони денари, велат од локалната самоуправа.

Кејот на Луда Мара е едно од омилените места на кавадарчани за пешачење, спортување, шетање на миленици и за поминување квалитетно време.