Се развел од сопругата оти го навредила Меси | Сител Телевизија
Живот
21. July 2018 - 21:24

Се развел од сопругата оти го навредила Меси

Русинот Арсен (40) после 14 години брак се развел од својата сопруга Људмила (37) бидејќи се осмелила да ја критикува играта на славниот фудбалер Лионел Меси на Светското првенство кое се одржа во Русија оваа година.

Овој пар вљубеници во спортот се запознале во 2002 година, а се венчале и покрај фактот што навиваат за ривалските руски тимови.

Сепак и ова не е единствената разлика, Арсен секогаш бил фан на Барселона, а Људмила на Реал Мадрид.

Арсен изјавил дека тој и сопругата секогаш се шегувале на сметка на Меси и Роналдо, но ова Светско ја прелило чашата.

-Аргентина играше лошо и Људмиле постојано ме задеваше. Цело време ми говореше дека Меси не е во состојба да даде гол. Кога во текот на натпреварот меѓу Аргентина и Нигерија, повторно почна да го навредува Меси, јас и вратив и упатив низа навреди кон нејзиниот сакан Кристијано Роналдо, изјавил Арсен.

На крајот го додал и ова:

„Потоа во целата своја лутина ги собрав сите работи и отидов засекогаш од дома“.

Идниот ден Арсен, според неговите зборови, ги предал документите за развод од неговата сопруга Људмила.