Се расправале на Фејсбук па се испотепаа на улица - Жестока тепачка на малолетници во Скопје

Вчера околу 10.00 часот било пријавено дека на ул. „Коста Абрашевиќ“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу две групи малолетници. Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“), а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години , сите ученици од основното училиште „7-ми март“.
Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „Венто“ со скопски регистарски ознаки.
До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи. Тие се сретнале на местото по претходен договор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
