Се расплакал и исчезнал: Телото на малечкиот Коста (9) пронајдено по 2 години во училиштето
Константин Чернов (9) исчезна на 5. декември 2014 година во училиштето во Тагара, село во Краснојарскиот крај. Сите се надевале дека ќе го пронајдат, но во средата се дозна ужасната вистина, неговите посмртни останки се пронајдени токму во училиштето, пред носот на сите!
Тој кобен 5. декември децата по повод Денот на мајката читале песнички посветена на мајките. Костја бил многу вознемирен, мајка си не ја паметел зошто починала кога имал само 3 години. Судот му ги одзел родителските права на неговиот татко и детето го раснеле бабата и дедото. Затоа ја замолил учителката да не чита, а таа, знаејќи ја неговата ситуација, му дозволила.
Меѓутоа Костја, не можел да ја скрие тагата, па се расплакал и истрчал од училницата. Неколку другари тргнале со него до тоалетот. Но се вратиле без него.
Потрагата за момчето никогаш не е прекината. Костја го барале на сите страни и не губеле надеж дека од некаде ќе се појави. Но во средата, на 15. март неговото тело е пронадено веднаш поркај училиштетото, во противпожарен резервоар. Го нашле пожарникарите во текот на рутинска инспекција.
Резервоарот е пребаран и кога Коста исчезнал, па сега се поставува прашањето како е можно тоа. Телото било толку распаднало, што е идентификуван само по ременот, и тоа од страна на дедото кој лично му го закопчал тој 5. декември кога го испратил на училиште.
Посмртните останки на Костја се испратени на форензичка анализа, а отворена е нова истрага за околностите на неговата смрт.
Главното прашање е како Костја стигнал во резервоарот.
Инспекторите проверуваат две верзии, но изгледа станува збор за несреќен случај. Најверојатно паднал внатре и не можел да излезе.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство