Се расчистува регионалниот пат кон штипските села Драгоево и Селце

Регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“ од Штип почна со расчистување на регионалниот пат до штипските села Селце и Драгоево, кои веќе четврти ден се отсечени.
Техничкиот директор на ЈП „Македонија пат“-Штип Кире Коцев, вели дека машината за чистење на снег со пробивање на патот почнала од синоќа, а веќе вечерва се очекува да пристигне во селото Драгоево, по што ќе продолжи кон селото Селце.
- Магистралните и регионални патни правци во овој регион се пробиени, но има остатоци од снег. Засега немаме поголем застој, освен ова што го гледате овде на регионалниот пат кон овие две штипски села. На регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште снежните наноси достигнуваат од два до три метри и таму е прочистено се одвива сообраќајот безбедно, но има уште за работа, односно треба да се проширува, вели Коцев.
Забележува дека целата механизација и вработени се сконцентрирани на магистралните и регионални патни правци за да бидат оспособени за сообраќај. Врботените на регионалната подржница на ЈП „Македонија пат“-Штип денеска веќе почнала и со подготвки и за утрешниот нов снежен бран што се најавува.
Надзорното лице за патиштата низ Источна Македонија Митко Митков, денеска беше во обиколка на магистралните и регионални патишта. Вели дека во изминатите четири дена светиниколскиот и штипскиот регион биле најпогодни од бранот кој што помина, а најголем проблем создавал ветерот кој правеше големи снежни наноси или ѕидови на патишта, а чија висина достигнуваа од еден до скоро четири метри.
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
