Македонија
12. September 2022 - 20:07

Се расчистува ли насилството против маргинализираните заедници?

Хомофобични насилни напади трпи активистот Беким Асани претседателот на невладината „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово. За само 4 месеци три пати бил нападнат и тоа во различни градови . Асани не се чувствува безбеден ниту во родното Тетово кога оди на работа, ниту на улица каде и да движи. Обвинува дека полицијата не го заштитува и не презема ништо по пријавените случаи. Последно бил физички  нападнат во Скопје, на плоштадот Скендер бег. Бара да регира и министерството за правда и Владата, бидејќи се плаши и за својот, но и за животот на своето семејство и најблиските.

Од МВР велат дека по два од пријавените случаи се постапув аи се во завршна фаза. Пронајдени се осомничените за нападите во Скопје и Струмица и за нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Преземени се мерки и активности и сторителот А.М од Струмица е пронајден и проитв него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струмица. За расчистување на физичкиот напад кој беше пријавен во близина на споменикот на Скендер Бег во Скопје, имаме осомничено лице и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Дополнително од МВР велат се работи и по пријавата поднесена до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика  во координација со ОЈО , по чии насоки е  упатено  барање до социјалната мрежа за доставување податоци по однос на заканите кои ги добивал активистото на невладината ЛГБТ Јунајтед.

Беким Асани вели со колегите испратиле писмени реакции  до сите домашни но и меѓународни институции од кои бараат помош и поддршка во врска со овие насилни напади кои ги трпат како активисти на ЛГБТ невладината.