-->
-->
Се прошируват капацитетите на манастирот ,,Св Илија” во село Ѕвегор
-->

Во делчевското село Ѕвегор финишираше изградбата на помошната просторија во атарот на манастирскиот комплекс „Св.Илија”. Градежните активности, како што информира Ванчо Новоселски, се реализираат по иницијатива на самиот црковен одбор, а изградбата е потпомогната од иселеници од село Ѕвегор кои живеат и работат во околината на градот Пиду во Швајцарија.
- Иницијативата на црковниот одбор како идеја беше прифатена со драга волја од нашите роднини и пријатели од Швајцарија. Самата изградба започна во втората половина на ноември 2019 година и еве денес стасавме и до покривот. Во градежните работи учествуваше населението од село Ѕвегор, од црковниот одбор, кои помогнаа да го покриеме овој голем објект, кој мислам дека е еден од најголемите на територијата на Општина Делчево, рече Новоселски.
Додаде дека просторијата ќе биде наменета за одржување празнични собири и црковни ручеци, кои што се даваат за време на поголемите христијански празници вклучително и Илинден.
- Исто така тука се собираат мештаните и на Петковден, Спасовден и за други поводи. Бидејки многу луѓе се собираат за Илинден во услови на дожд и сонце, постоеше проблем каде да се засолнат луѓето и самата идеја на црковниот одбор беше да се направи еден убав ваков трем, односно една убава ваква трпезарија, додава тој.
Новоселски од името на црковниот одбор во село Ѕвегор упати јавна благодарност до сите роднини и пријатели од околината на Пиду, Швајцарија, фирмите кои помогнаа како и до сите кои учествуваа во изградбата на просторијата.
Манастирот „Св.Илија“ се наоѓа на два километри оддалеченост над селото Ѕвегор, од десната страна на Меѓународниот пат за Бугарија. За време на викендите е често посетуван, бидејќи е одлично место за спокој и рај на душата. Во близина на местото се наоѓа и извор со вода за која според легендите се верува дека е лековита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
