Се проширува капацитетот на Ковид центарот во Гевгелија
Растечкиот тренд на новозаболени од коронавирусот на подрачјето што го покрива Гевгелискиот центар, пролонгирањето на поставување модуларни ковид болници, доаѓање на времето на сезонскиот грип и регистрираните 82 позитивни за една недела, се причини поради кои Општата болница од Гевгелија одлучи да го прошири амбулантскиот дел на Ковид центарот со простор за уште осум кревети.
– Поради недисциплината на некои наши граѓани, особено од младата популација, сега вирусот се враќа во посилна форма и поголемиот број пациенти кои се јавуваат во Центарот имаат симптоми на бронхопневмонија која бара сериозно лекување. Нивниот зголемен број во пресрет на поклопување на сезонскиот грип со коронавирусот не натера да го прошириме центарот во кој сега ќе имаме вкупно 18 кревети кои сметам дека ќе бидат доволни за лекување на пациентите со симптоми, рече епидемиологот Сашо Олумчев.
Според него, државата е во фаза на широка распространетост на коронавирусот и тешко е да се бара потеклото на заразувачот и неговите контакти. Поради тоа, вели Олумчев, останува апелот да се подигне совеста на граѓаните, посебно на тие кои знаат дека имале контакт со ризичен човек, сами да се изолираат и да ги известат сите од нивната непосредна и поширока околина бидејќи кај нас, за жал, се уште е присутна појавата да не се даваат точни информации за контактите на заболените.
Ново на Сител
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво