Се продава родното место на Че Гевара
Станот каде што се родил славниот јужноамерикански револуционер Ернесто – Че Гевара, оди на продажба.
Местото со површина од 240 квадратни метри, се наоѓа во зграда во неокласичен стил во градот Росарио, Аргентина. Последниот сопственик Франциско Фаруџа го купил 2002 година. Тој имал да го претвори апартманот во културен центар, но плановите не му се оствариле, па мора да го продаде.
Цената сѐ уште не е одредена.

„Че“ е роден 1928 година, во богато семејство од средната класа во Аргентина. Се радикализирал, како што и самиот пишува во своите дневници – поради сиромаштијата и гладот што тој ги посведочил патувајќи ширум Јужна и Средна Америка. Тој одигра клучна улога во Кубанската револуција (1953-1959), со која беше соборен лидерот Фулгенсио Батиста.
Од Куба, отишол за Боливија за да ги предводи бунтовниците против претседателот Рене Бариентос Ортуњо. Со американска помош, боливиската војска го заробила револуционерниот водач и другите негови преостанати соборци. „Че“ бил егзекутиран на 9 октомври 1967 година во селото Ла Игуера. Неговото тело е погребано на тајна локација.
Во 1997 година, неговите посмртни останки биле откриени, ексхумирани и вратени во Куба, каде што тој почива.
Приврзаниците на „Че“ и денес го гледаат како пример на посветеност и самопожртвуваност. Неговите противници пак, сметат дека тој бил безмилосен, брутален и суров човек.
Ново на Сител
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
-

Обвинетиот за палење на бугарските возила, пресудата ќе ја слушне во среда
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
