Македонија
20. January 2022 - 11:49

Се превртел со трактор, тешко повреден 25-годишник

На 19.01.2022 во Полициска станица Ресен од страна на ЈЗУ Здравствен дом Ресен било пријавено дека во с.Арвати има повредено лице, велат од МВР.

Од страна на увидна екипа при СВР  Битола  и Ресен било излезено на лице место, при што било констатирано дека во близина на штала, на земјен пат, Р.Д.(25) од с.Крани, управувајќи  трактор „фергусон 359“, се превртел,

здобивајќи се со тешки телесни повреди.