Македонија
2. January 2021 - 16:48

Се повеќе затворени дуќани во битолската чаршија

Празни дуќани, катанци, затворени кепенци, натписи дека дуќанот се издава. Ова е сликата во старата битолска чаршија. Особено тоа се чувствува на влезот во чаршијата на улицата „Александар Турунџев“ која некогаш била една од најфрекфентните улици. 

-Неатрактиевен е овој дел, порано беше атрактивен. Иако киријата е пристапна за изнајмување, за разлика од Широк Сокак, вели Павлина Василевска сопственик на дуќан.

Корона кризата дополнително влијаела врз состојбата.

-Ноември беше многу слаб месец, затоа што се зголеми бројот на заболени во Битола, како и секоја година пред нова година, секој сака да купи, да испазари, вели Василевска.

82-годишниот шнајдер Душан Павловски во истиот дуќан работи 46 години. За затворањето на дуќаните вели:

-Овие младите кои треба да работат, еве јас нон стоп работам, тие сакаат со седење, продавачи и продавачки, кому ќе продаваат? Од тоа се затворени дуќаните. За занаети, јас не можам да стигнам, вели Душан Павловски, кројач.

Иако во деветтата деценија, вели дека работата му е задоволство.

-Јас нештото кога ќе го изработам како цртано е и умот ми работи, вели тој.

Според дуќанџиите и занаетчиите има повеќе причини за ваквата состојба во битолската чаршија, иселувањето, економската состојба, сега и короната. Но се надеваат дека во новата година поголем број од затворените кепенци, повторно ќе се отворат.