Се повеќе српски граѓани бараат повторно воведување на смртна казна во земјата
Српскиот заменик народен правобранител Милош Јанковиќ денеска изрази загриженост од фактот дека во Србија се зголемува бројот на граѓани кои сметаат дека е потребно повторно да се воведе смртна казна во правниот систем на земјата.
- Минатата година за враќање на смртната казна се изјасниле повеќе од половина испитаници, а сега поддршка даваат над две третини од анкетираните, предупреди Јанковиќ по повод 10 октомври - Светскиот и европски ден на борба против смртната казна и Меѓународен ден на менталното здравје.
Тој потсети дека смртната казна во Србија последен пат е извршена на 14 февруари 1992 година, а конечно е укината во 2002 година.
Јанковиќ е уверен дека смртната казна во Србија никогаш нема повторно да биде воведена и ниту еден човек веќе нема да биде егзекутиран во земјата.
Ново на Сител
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија