Се повеќе африкански земји набавуваат „Ковид органик“
Се повеќе африкански земји се заинтересирани за набавка на растителниот напиток „Ковид органик“ кој неодамна го промовираше претседателот на Мадагаскар, Ендру Раџоелина, тврдејќи дека е природен лек кој го лекува коронавирусот, иако не постојат докази за тоа.
Претседателот на Танзанија истакна дека ќе испрати авион на Мадагаскар за да достави од напитокот, а истото го најави и претседателот на ДР Конго. Некои земји, како на пример Гвинеја Бисао, веќе го набавиле, објави Би Би Си.
Станува збор за горчлив растителен пијалок, направен од артемисија (вид на пелин), горчлив корен кој се одгледува на Мадагаскар и се користи во некои лекови против маларија.
Лекот го произвел Институтот за применети истражувања, кој повеќе од 30 години ја истражува употребата на традиционални лекови на Мадагаскар.
Растителниот напиток не е научно тестиран и нема докази дека делува против Ковид-19.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот ги повика синдикатите на средба
-
Преглед на вестите од светот
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија