Се поставуваат штандовите за „Пивофест“ 2018 во Прилеп
Завршуваат подготовките за утрешниот почеток на манифестацијата „Пивофест“ која ќе се одржи од 12 до 15 јули во Прилеп. Во центарот на градот на булеварот „Гоце Делчев“ интензивно се поставуваат штандовите, а булеварот е веќе затворен за сообраќај до понеделник.
Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, подготовките течат непречено и сите институции и јавни претпријатија ги координираат активностите за безбедно и сигурно одржување на фестивалот.
- Денеска одржавме координативен состанок со сите јавни претпријатија и институции во општината за активностите да течат непречено. Институциите ќе се грижат 24 часа сите денови за се да помине во најдобар ред: храната да биде безбедна, хигиената на високо ниво, како и безбедноста. Апелирам граѓаните, гостите од земјава и од странство да се придржуваат на сите мерки за време на сите четири фестивалски дена, изјави Јовановски.
Дарко Манасиески од компанијата „Ентфинити“ која со општината е коорганизатор на фестивалот, вели дека се очекува големо отворање и е подготвена одлична музичка програма.
- Музичката програма сите четири фестивалски дена е за сите вкусови. Утре е големото отворање на фестивалот кога ќе настапи Кирил Џајковски, а в петок е рок вечерта со групите „Црвена Јабука“ и „Ван Гог“. Годинава, за разлика од минатите години имаме поголема процентуална застапеност на македонските изведувачи, но имаме и големи балкански ѕвезди, меѓу кои Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ. Уверуваме дека Фестивалот ќе помине во весела атмосфера и сигурен за сите посетители, рече Манасиески.
Ѕвонко Јованоски, директор на прилепското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ смета дека градот е на високо ниво со хигиената.
- Исчистени се сите влезови во градот, измиено и исчистено е и централното градско подрачје. Секојдневно, по завршување на фестивалскиот ден, ќе се мијат сите плоштади и улиците и ќе се изнесува сметот. Обезбедени се 65 вработени надлежни за централното градско подрачје, изјави Јованоски.
Штандови се поставуваат на 29 локации, на вкупна површина од 4. 000 метри квадратни. Во паркот на Револуцијата ќе има кампинг за посетителите кои на тој начин ќе присуствуваат на фестивалот. За нив ќе се обезбедат топли напитоци и супи.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
