-->
-->
Се породи прилепчанката Катерина која премина во Ислам
-->

По речиси една година од бракот, младата прилепчанка која христијанската религија премина во ислам, на свет донесе здраво машко дете кое се вика Един.
Сопругот на Катерина, Јасмин Фетаховиќ за порталот Алмакос изјави дека е многу среќен што нивниот брак е крунисан со наследник.

"Не знам како да го опишам ова, но можам да кажам дека ние двајцата сме задоволни со фактот дека во нашето семејство е роден ангел, млад наследник на семејството. Ова дете нормално им припаѓа на сите муслимани и се одлучивме на име почитувајќи ги принципите на исламот, и му дадовме име Един ", вели сопругот на Катерина, Јасмин.
Нивниот дом деновиве е полн со гости кои се радуваат на приновата, а на гости ќе дојдат и родителите на Катерина кои исто така добија внук.
Катерина е една од ретките православни Македонки кои поради љубовта кон саканиот ја смени верата и премина во Ислам и покрај сите притисоци од средината во која живееше.
Извор: Алмакос
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност