Џет-Сет
1. March 2018 - 13:50

Се породи Наташа Беквалац: Сопругот пресреќен - Се помина во најдобар ред!

Пејачката Наташа Беквалац се породи вчера и на свет го донесе девојчето Катја. Сопругот на породувањето беше покрај неа, а и потоа ги посетуваше и им носеше подароци.

Имено, Лука е виден пред болницата како забрзано и со голема насмевцка носи подароци за своите девојки.

-Се помина супер и се е во најдобар ред, рече кратко Лука на кому постојано му ѕвонеше телефонот.

Да потсетиме, Наташа закажа царски рез на 1. март но нејзиниот лекар процени дека ден претходно е вистинско време Катја да дојде на свет. Бебето е тешко 3.280 грама и долго 51 см. Оценето е со оценка 10.