Се помалку ученици, но и наставници по математика, биологија, хемија, физика и други предмети
Бизнис секторот многу поатрактивен за младите дипломирани математичари, физичари, хемичари и биолози, па основните и средните училишта мака мачат да ги пополнат испразнетите места на наставници и професори по предметите од природните науки. Младите избираат да студираат на овие дисциплини, но по завршувањето на образовниот процес не се посветуваат на наставничката професија.
- Наставничката професија е професија која во моментот не мотивира. Веројатно тоа е поради статусот, но и поради ниските плати. Овде секако треба да го имаме во предвид и нарушувањето на вредносниот систем кај нас, изјави Татјана Атанасова-Пачемска, професорка на УГД-Штип.
Овој проблем е акутен и заеднички за скоро сите земји во ЕУ, поради што освен факултетско образование, ќе мора да се применуваат и други форми на професионално доусовршување и кариерен развој на наставниците, кои би можеле да се вклучат во тимови за реализација на настава во сродни дисциплини.
- Во нашата програма, сегментот во кој пишуваме кои ќе биде реализатор или слушател на програмите, се наведени факултетите од природната група на предмети и техничките факултети, што не значи дека понатаму не можат да се прошират на медицинските или уметничките“ – додаде Атанасова-Пачемска
Во училиштата дефицитарни се и наставничките места по предметите историја и географија, а најповеќе по македонски јазик.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар