Се подобрува инфраструктурата во Прилеп
Во Прилеп максимално се користи поволното време за инфраструктурни и комунални уредувања на градот, особено за реализација на комуналната програма за оваа година, со која е опфатена населбата Точила, една од најголемите прилепски населби. Моментално се работи на улицата „Ладо Лапецо“, на потегот од улицата „Војводинска“ до улицата „Егејска“. Покрај асфалтирањето, се отстранува стариот оштетен и дотраен асфалт на површина од2 100 метри квадратни.
Според Благоја Богески, задолжен за надзор на градежните работи, дел од градот ќе добие нов лик.
– Се асфалтира улицата „Ладо Лапецо“, на потегот од улицата „Војводинска“ до улица „Егејска“ во должина од 400 метри и на површина од 2.100 метри квадратни. Стариот асфалт беше дотраен и мораше да се замени со нов. Со овој инфраструктурен зафат ќе се подобрат условите за возење, а воедно и овој дел од градот ќе добие нов лик, вели Богоески.
Со комуналната програма на локалната самоуправа за 2018 година, се опфатени градот и населените места. Во зависност од временските услови, активностите за комунално уредување ќе продолжат и во наредниот период, согласно предвидената динамика.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош

