Македонија
10. јуни 2018 - 16:15

Се подготвува просторот за детската кардиохирургија- Чадиковски најавува најсовремен објект

-Просторија за подготовка на пациентите, интензивна и полуинтензивна нега, ординации, соби за лекари и сестри..Како ќе изгледа детската кардиохирургија која по шест години конечно доби свој простор? Според ексклузивното видео до кое дојде Сител, ова треба да биде еден од најсовремените објекти во државното здравство направен по светски стандарди. Вратите за најмалите пациенти ќе бидат отворени во ноември.

-На вториот кат во Клиниката за кардиологија, на протстор од 300 метри квадратни веднаш спроти државната кардиохиругија за возрасни, тимот предводен од доктор Владимир Чадиковски ќе прават операции на срце кај бебиња и мали деца.

Чадиковски кој е едниствен детски кардиохирург во земјата, вели дека кадарот веќе е екипиран и на одделот вработиле повеќе од 25 здравствени раобтници. За операции ќе ја користат васкуларната сала од кардиохирургијата за возрасни и очекуваат поголем обем на хируршки интервенции за разлика од сега кога годишно прават околу 70.

-Ќе имаме четири кревети во Интензивна и два во полуинтензивна кои во секое време можат да се активираат за интензивна. Сите простории ќе бидат со негативен притисок за заштита од секакви инфекции, ќе биде по сите стандарди како што треба, вели др. Владимир Чадиковски, детски кардиохирург

Пред 6 години кога во Македонија никој не правеше операција на отворено срце кај деца, малите пациенти ги носеа во странство што беше дополнителен стрес и за родителите и за бебињата. Откако овој проект почна и во земјата, досега направиле околу 350 операции.  Во моментот на детска хирургија има 4 бебиња кои тежат помалку од 3 килограми и кај кои биле изведени кардиохируршки интервенции