Џет-Сет
23. September 2015 - 15:15

Се плашам дека ќе станам инвалид - Аца Лукас со сериозни здравствени проблеми

Здравјето на Аца Лукас е сериозно загрозено па пејачот често посетува доктор, а заедно со својата сопруга Соња се бори да го надмине овој тежок период.
 
Соња и Аца надминаа брачна криза и сега повторно се под ист покрив со својата ќерка Викторија, а сега со заеднички сили сега се борат за пејачот да биде подобар.
 
- Имам дискус хернија и страдам од неподносливи болки. Мислам дека ќе мора да одам на операција, но точно ќе знам овие денови, - изјавил Лукас за српски Курир.
 
Поранешниот член на „Ѕвездите на Гранд“ се плаши дека ќе заврши во инвалидска количка. Ќерката Викторија била најмногу исплашена за животот на пејачот.
 
- Еден ден имав толку многу болки што почнав да врескам, а потоа приметив дека Викторија е во близина. Навистина се уплаши, но моите девојки сопругата и ќерката навистина се грижат за мене, јас сум во најдобри раце.