Македонија
19. September 2023 - 16:32

Се пензионира последниот кривичар судија од струшкиот суд

Струшкиот суд има недостиг од судии .Од 15 моментално има 6 судии од кои едниот од нив заминува во пензија состојбата станува уште поалармантна бидејќи тој е единствениот судија кривичар па основниот суд неможе да постапува за потешките кривични дела.

За ваквата состојба како што велат од струшкиот суд бил информиран судскиот совет па до решавање на овој проблем охридскиот суд ќе постапува за потешките дела.

Правниците од Струга пак реагираат велат дека бројот на предмети постојано се зголемува па така многу од нив не добиваат разрешници за еден предмет и судски спорови се чека со години и месеци.