Се пензионира Маскерано
Поранешниот фудбалер на Барселона, Хавиер Маскерано, објави крај на кариерата. 36-годишникот играч минатата сезона ја мина во Естудијантес.
„Сакам да соопштам дека решив да ставам крај на професионалната кариера. Би сакал да му се заблагодарам на Естудијантес што ми овозможи кариерата да ја завршам во Аргентина“, истакнал Маскерано.
Маскерано во кариерата настапувал за Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона, Хебеи и Естудијантес. Најголема трага оставил во Барселона за која одиграл 334 натпревари. Со Барселона двапати бил европски првак, пет пати бил првак на Шпанија, а има и по две титутли во Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Со репрезентацијата на Аргентина во 2014 година играше во финалето на Светското првенство.
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници