Македонија
20. јуни 2024 - 12:18

Се палат подземните контејнери во Струмица

Опожарени дел од  новите попу подземни контејнери во Струмица. Два се целосно оштетени и се надвор од употреба а кај четири е изгорена внатрешната платнена церада наменета за собирање на отпадот.За сега причините не се познати, но од јавното комунално претпријатие Комуналец се сомневаат дека се работи за претходно смислена акција бидејќи опожарувањето се случило во доцните вечерни часови   речиси во исто време на четири различни локации.

За колкава штета се работи засега не е познато. Неа ќе ја утврдуваат овластени лица , а во меѓувреме случајот е пријавен и во МВР и се работи на откривање на сторителите.

Полу подземните контејнери во Струмица беа поставени минатата година во септември. На повеќе различни локации беа поставени 20 контејнери со капацитет од 5 метри кубни. За нивната набавка општината одвои  околу 10 милиони денари.