-->
-->
Се оженил со роднина и ја поседува најскапата куќа на светот: Еве како изгледа раскошниот живот на саудискиот принц за кој зборува цел свет
-->
Медиумите во последните неколку дена се преполни со вести за принцот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман.
Човекот кој западните медиуми го претставуваат како прогресивна сила на земјата, неодамна се најде сред скандал откако беше убиен саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот конзулат, инаку еден од најгласните критичари на "прогресивниот" принц.
Мал број на луѓе надвор од Саудиска Арабија воопшто и чуле за Салман пред 2015 година, но тој го привлече медиумското влијание по воведување на реформите кои, помеѓу останатото, им овозможија на жените да возат и да посетуваат спортски активности. Во истовреме, тој го одобри апсењето на активистите за правата на жените, но тоа е нешто на кое се обрна малку внимание.
Тежок три милијарди долари
Освен поврзаноста со бруталното убиство на саудискиот новинар, медиумите се фасцинирани и од приватниот живот кој по многу работи го прави Мухамед еден од најинтересните познати личности на светската сцена.
Принцот е во брак со својата роднина, принцезата Сара бинт Машур бин Абдулазиз, со кој се венчал во 2008 година. Парот има четири деца - две момчиња и две девојчиња. Бракот помеѓу роднини не е реткост во богатите, а особено благородните семејства.
Богатството на Мухамед бин Салман е исто така нешто што ја фасцинира јавноста. Тој е исклучително моќен со богатство од повеќе од три милијарди долари, што е неверојатно дури и според критериумите на саудиското племство.
Палати, јахти и скапоцени уметнички дела
Мухамед е сопственик на една од најскапите куќи на светот, а за големата палата тој во 2015 година платил цели 300 милиони долари. Но, тоа не е се - во медиумите излезе информација дека принцот купил јахта во вредност од 500 милиони евра.
"Што се однесува до моите приватни трошоци - богат сум, не сум сиромашен. Не сум ни Ганди ни Мандела", изјавил бин Салман претходно оваа година.
Купувањето на палати и раскошниот живот не е воопшто необичен за многубројните наследници на кралот Салман кои уживаат во животот на француската ривиера и луксузните одмаралишта во Шпанија, далеку од своето кралство. Самиот крал Салман наводно "тежи" 17 милијарди долари и е сопственик на вила во југоисточна Франција каде постојано го разбеснува локалното население со затворање на плажите во текот на својот годишен одмор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години