Се ожени турскиот Бред Бит, на невеста може и Анџелина Џоли да и љубомори
Турскиот актер Киванч Татлитуг се ожени со стилистката Баѓак Дизер во турската амбасада во Париз. Мехмет од серијата „Ѓумуш“ и Бехлул од „Забранетото овошје“, се ожени на 19 февруари со модната стилисстка Башак Дизер со која две години беше во врска.
Венчавката ја прославија во балската сала на хотелот Шангри-Ла кој има поглед кон Ајфеловата кула.
На едноставната церемонија присуствувале петнаесетина членови на семејството и најблисктие пријатели за кои младоженците обезбедија авионски превоз и тридневен престој во Париз. Кум му бил Керем Чатај, кој беше продуцент на серијата „Забрането овошје“ на чиј сет се запознаа Киванч и Башак.
Непосредно пред свадбата имаше гласини дека неговата мајка Нуртен нема да дојде на венчавката бидејќи не се согласувала со неговиот избор на невеста, но таа тоа го демантирапе објаснувајќи дека венчавката е закажана со месеци пред тоа и поради сложеноста на организацијата, датумот не можел да се менува, а бидејќи нејзе и се влошила здравствената состојба не можела да патува до Париз.
Ново на Сител
-
Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС
-
Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
-
Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина
-
Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
-
Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин