Се отвора салата Борис Трајковски - зголемен интерес за вакцинација по рестриктивните мерки
После 10-тина дена гужви и турканици пред поликлиниките најдоцна во четврток повторно ќе биде отворен пунктот за вакцинација во Борис Трајковски. Во функција ќе стави малата сала во која ќе има 20 позиции за боцкање, најави министерот за здравство. Ќе работат тимови од Здравствен дом Скопје. Остануваат отворени и постоечките вакцинални места во главниот град.
Иако голем број лекари потенцираат дека нема логика потврдата за прележаност да трае до 45 дена, бидејќи овие граѓани имаат подолготраен имунитет, здравствените власти не отстапуваат од мерките. Според Филипче целта била преку вакцинација да се создаде колективен имунитет за побргу да излеземе од Ковид кризата.
- Нема разлика за пациентот кој се опоравува дали ќе се вакцинира по еден или по шест месеци, за него нема никаква разлика, но има разлика за колективниот имунитет. Нема зијан или контраиндикација да се вакцинира порано. Не секој развива ист имунитет после прележувањето. Точно е дека има пациенти кои имаат голема количина антитела, ама докажано е дека вакциналниот имунитет е трајниот, рече Филипче.
Власта не размислува да се воведе негативен ПЦР за влез во молови или угостителски објекти за да не се изложувале граѓаните на трошоци.
Иако во Тетово и Гостивар се преполнети болниците не се планира карантин ниту останати рестрикции во овој регион.
Во моментот во Инфективна хоспитализирани се 130 пациенти.
Од денеска како Ковид центар ќе функционира и Институтот за рехабилитација во Козле каде има 120 кревети.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска побара оставки по изјавата на претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски дека Власта не ги послушала и дозволила свадби и други прослави во затворено.
Филипче одговори дека тој период состојбата со новозаразени била мирна се обрати до опозицијата да ги повикале граѓаните да се вакцинираат.
- После таква изјава на човек кој е предводник на целата оваа политика на мерки во однос на короната, кои според мене се неефикасни од самиот почеток на пандемијата до денес, и кога таква изјава доаѓа од перјаница на власта од идеологот на овие мерки и кога е јасно дека власта не го послушала, јасно е дека оставки мора да има“, вели Николоски.
Александар Николовски – потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
Опшозицијата да ги повика гхраѓаните да се вакцинираат, рече Венко Филипче – министер за здравство
Инаку новите мерки го зголемија интересот за вакцинација. И вчера биле аплицирани 17.000 дози, од нив прва вакцина примиле 13.400 граѓани.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар