Се отстранува опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино
Се отстранува опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување кај Неготино, информираа денеска од Центарот за управување со кризи. Оттаму соопштија дека по добиената информација на единствениот број за итни случаи, 112, презеле превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино, кај село Пепелиште и од поголемо локално поплавување.
– Практично, пријавената опасност е резултат од нанесените гранки и дрва на столбовите од мостот од надојдената вода на реката. Тоа, при оваа ситуација, резултирало тие насобрани да го попречуваат речниот тек како своевидна брана. Па, покрај зголемен притисок на мостот, го подигаат речното ниво пред мостот и предизвикуваат локално излевање на водата надвор од коритото. По спроведеното информирање и координација од ЦУК, Локалната самоуправа и Водостопанство Неготино работат на планирање на начините за безбедно отстранување на опасноста, појаснија од Центарот за управување со кризи.
Поради сложеноста на расчистување, неможноста од директно чистење со сегашните машини, се планирало да се ангажира и специјална машина, а во дел од расчистувањето на опасноста од испреплетените насобрани гранки и дрва, се планирало да биде ангажиран и планинар – алпинист, со јаже да се спушта и да помага да се расчистува, според потребите и ситуацијата.
Покрај локалните институции, известени биле и дежурните од Македонија пат, а активностите континуирано се следеле и преку Регионалниот ЦУК Неготино.
– Покрај досегашниот ангажман за случајот за насобрани гранки и дрва на столбовите на мост на Вардар кај село Пепелиште, се организира расчистување за во среда, заради сложеноста за расчистување, со ангажирање на специјална машина, којашто има можност модуларно да се надоградува за да се досегнат и извадат пречките. Според оценките на Водостопанство Неготино, при оваа ситуација, немало опасност за рушење на мостот, информираа од ЦУК.
Од Центарот за управување со кризи, рекоа дека преку регионалните центри, ја следат ситуацијата на терен.
Ново на Сител
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето