Џет-Сет
31. May 2016 - 14:30

Се омажи Натали Грубовиќ

Поранешната македонска манекенка и водителка, познатата лото-девојка Натали Грубовиќ, викендов се омажи во Белград
Таа и нејзиниот избраник, бизнисмен од Нови Сад, направија интимна венчавка во хотелот „Метропол палас“.
 
-Моето време во Македонија заврши, не се пронаоѓам веќе во шоу-бизнисот и јавната сцена. Тоа е само убаво минато – изјави неодамна Грубовиќ, додавајќи дека со нејзиниот избраник, со кого две години е заедно, веќе планират проширување на семејството.