-->
-->
Се олеснува изградбата на градски пазар во Делчево
-->
Со новата мерка на програмата за рурален развој во Делчево се очекува олеснување на процесот на изградба на современ градски пазар во Делчево.
Како што информираше Тони Стоименовски, советник за локален економски развој Општина Делчево е подготвена за аплицирање на неповратната поддршка од 113 илјади евра која денес беше најавена за осовременување на пазарите преку инвестиции во пазарната инфраструктура од страна на Платежната агенција.
– Општина Делчево веќе поодамна се подготвува за оваа мерка, има техничка документација, има избрано локација за нов зелен пазар и сме во фаза на подготовки за аплицирање по оваа мерка. Се надеваме дека техничката документација ќе биде прифатена од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и дека од следната година ќе имаме можност да започне да се реализира овој неопходен проект за општина Делчево.
Досега во Делчево од буџетот за 2018 година се одвоени 140 илјади денари за архитектонско-урбанистички проект за изградба на градски пазар во Делчево. За реализација на набавката за основниот проект од буџетот на општината се издвоени 500 илјади денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството