Се оградуваат Градските гробишта во Штип
Градските гробишта во Штип почнаа да се оградуваат, соопшти денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев, а информираше дека проектот се реализира со заеднички средства на Општина и на ЈП „Исар“.
- Ќе се работи во делот на старите гробишта, но етапно сите гробни парцели ќе бидат заградени. Со ова подобро ќе се чуваат гробиштата. Целта на оградувањето е да ги заштитиме гробиштата и да ја тргнеме грдата мрежа која стои со години, вели Бојаџиев.
Раководителот на работна единица „Градски гробишта“ при ЈП „Исар“-Штип, Стефан Арсов истакна дека оградата ќе биде висока два метри, а ќе постават и порти на повеќе локации за олсенување на пристапот до парцелите.
-Досега имавме многу проблеми и од луѓе и од животни. Со оградувањето се надеваме дека инвестираме во заштита на имотот на граѓаните, вели Арсов.
Откако ќе се заврши оградувањето на гробиштата, истите ќе се заклучуваат во 17 часот во зимниот и во 21 часот во летниот период, поради заштита на предметите и имотот кои се дел од над 8.000 надгробни места. Во изминатите неколку месеци ЈП „Исар“ на градските гробишта инвестираше во изградба на нови паркинг места и во асфалтирање на улици и патеки.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол