-->
-->
Се огласи семејството на Влатко Илиевски
-->
Познатиот македонски пејач и миленик на публиката, Влатко Илиевски, кој беше пронајден мртов во автомобил, ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, соопшти неговото семејство.
Телото на прерано починатиот Илиевски, ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот.
Како што соопшти МВР,на 06.07.2018 година околу 23.,00 часот во Скопје, на ул.„3-та Македонска бригада“, во патничко моторно возило “Тојота“ пронајден е починат В.И (33) од Скопје. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“