Свет
20. November 2015 - 13:53

Се огласи најголемиот мозок на денешницата: Еве што е потребно за да ја победиме ИД

По неодамнешните терористички напади во Париз, во Европа завладеа атмосфера на страв.

Веќе со години, британскиот астрофизичар Стивен Хокинг повторува дека не вреди да се одговара на насилството со насилство, а стравот и осветата не се добри решенија.

„За да ја победиме Исламската држава, потребно е да го надминеме стравот и да ја запреме агресијата“, смета тој.

„Човечката доблест што треба да се зајакне е емпатијата. Таа не обединува во атмосфера на мир и љубов. Треба да сме свесни дека ИД не е така силна како што се претставува. Воено, таа не може да допре до Европа. Терористите не можат да ја освојат ни својата територија на Блискиот Исток. ИД е слаба и поседува само едно оружје - ширењето на страв меѓу нив. Терористите сакаат да го уништат нашето општество за да можат да доминираат со својот свет“, изјави научникот, пренесува „Huffington Post“.

Хокинг потсеќа дека во преодната криза, како оваа, трба да се покаже памет, толеранција, единство и љубов.