Балкан
6. January 2022 - 9:24

Се огласи и девојката на исчезнатиот Матеј Периш, вели дека не земал недозволени супстанци

Седми ден се трага по исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит, кому во Белград му се губи секоја трага. Сите расположливи полициски сили трагаат по исчезнатиот сплиќанец, а најблиските се уште не губат надеж дека Матеј ќе се појави жив и здрав.

Девојката на Матеј, Сања сега откри нови детали за нејзиното исчезнато момче. Таа меѓу другото рече дека тој со месеци планирал новогодишна забава во Белград.

– Ниту една кавга меѓу нив не е причина за проблемот. Сања и Матеј се уште се во врска. Матеј заминал во Белград со шест пријатели, од кои тројца знаела неговата девојка. Ова се старите пријатели на Матеј од основно училиште. Тој дочек бил планиран пред шест месеци, но таа не знаела дека ќе им се придружат и другите тројца – рекол новинарот на „Курир“ кој разговарал со неа.

Секако, таа не ја губи надежта дека ќе го најде.

– Ја прашав како се чувствува. Сè уште има трошка надеж во неа дека ќе го најде. Таа отфрли секаква можност за поврзување на Матеј со каква било недозволена супстанца. Вели дека тоа не е тој. Неговата мајка, исто така, не изгуби надеж. Тоа ми го кажа Сања – вели новинарот.