Се одржува манифестацијата „Крушево будно“
Со настап на познати музичари и ди-џеи во Крушево по четврти пат се одржува фестивалот „Крушево будно“ што го организира Локалниот младински совет.
Фестивалот синоќа беше отворен со настапот групите „Шајн“, „Бег дор бенд“ и Сирилик“ пред младите од Крушево и посетителите од земјава и странство.
Како што објаснува Билјана Стојаноска од Локалиот младински совет на Крушево целта е да се раздвижат, да се „разбудат“ младите и да се активираат, во иднина и со други настани и активности.
-Она што е значајно за овој фестивал е што потекнува од младите и е за младите. Правиме едно културно будење и не само од Крушево, туку и од Регионот. Зад настанот е Локалниот младински совет од Крушево, со поддршка на Министерството за култура, на Општината и на локалната заедница. Како совет ги покриваме и параглајдинг натпреварувањата и во Крушево нудиме една нова културна содржина за сите генерации. Сакаме да ги „раздвижиме“ младите, да го подигнеме ентузијазмот за самите млади да го подобруваат животот во Крушево. Само е потребно младите да се активираат, да си го сакаат градот. А за да останат младите, битно е заедницата, државата да ги слушаат и да ги послушаат нивните потреби, изјави Стојаноска.
Сотираки Чакалар, од Младинскиот совет смета дека има можности Крушево да биде подобро место за живеење на младите.
-Се трудиме Крушево да биде добро место за живеење, особено за младите. Ова е еден од настаните што сакаме да ги активира младите, се трудиме да ги вклучиве во секојдневните активности. Верувам дека има можности за младите во крушево. Што се однесува до фестивалот, тој се одржува по четврти пат. Програмата е богата и нуди забава за младите сите овие денови. Синоќа фестивалот го отворија групите „Шајн“, „Бег дор бенд“ и Сирилик“. За вечер е настапот на ди-џеј Јовица Шапе од Крушево, потоа се „Бонгас енд гитарс“ со латино звуци, па е настапот на Бени со „Нон стоп“, и за крај ди-џеј Рикардо, со што ќе заврши годинашново издание на „Крушево будно“, рече Чакалар.
Ново на Сител
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа