Се одржа Треш Фешн Македонија 2016
Во Младинскиот културен центар - Скопје се одржа шестиот по ред Trash Fashion Macedonia 2016 натпревар на модни креации направени со редизајнирани материјали од отпад, кои ги изработија тимови од 38 средни училишта во Македонија.
Училиштата на сцената со настапи од по 60 секунди се претставија со модни креации на тема „Филмски и цртани ликови“ меѓу кои Ѕвончици, Пепелашки, Спајдермен, Ѓаволот носи Прада, Малефисиенти и многу други изработени од различни видови отпад: пластични кеси, хартија, жици, старо компјутерско столче.
Прво место освои тимот од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје, со креацијата наречена „She-Edward“ изработена од копчиња од тастатури, најлонски јажиња, патенти и кабли.
Второ место доби училиштето ДУЦОР „Партенија Зографски" од Скопје, со креацијата „Мајкл Џексон“ изработена од најлон, картон, селотејп, изолир траки, хартија.
Третото место го освои СОУ „Наум Наумовски - Борче“ од Крушево кои се претставија со креацијата „Кралица Елизабета“ изработена од отворачи за лименки, пластични кеси, хартија и жица.
Членови на жири - комисијата беа Бранислава Јанковска од Fashion Lover, Катарина Ивановска, светски познатата манекенка и Бојан Трајковски, фронтменот на музичката група „Eye Cue“.
Trash Fashion Macedonia 2016 е во организација на Здружението на граѓани ОХО и е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ а се одржува по повод 5 јуни - Светскиот ден на животната средина.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица