Се одржа 28. планинарски марш „Меморијал Марко Илиевски“ до Лешница и Кривошијска река
Успешно е реализиран 28-иот меморијален марш „Марко Илиевски“ со тоа што 120 планинари безбедно стигнаа до месноста Лешница и Кривошијска река и се вратија дома, соопшти организаторот планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово.
-Планинарскиот марш беше спроведен според предвидената програма. Од 7:30 тргнавме од Бозовце по живописната патека долга 12 километри до Лешница на 1450 метри надморска височина, а потоа уште 4 километри до Кадите на Кривошијска река. Благодарност до сите кои денес беа со нас ЗПЗП Козјак Куманово, Картуш Прилеп, ПСК Скопска Црна Гора , П.К. Љуботен Тетово , ПК Јелак и сите со кои денес поминавме супер, изјави Снежана Новаковска, претседателка на ПК Тетекс.
Следни предизвици за планинарите од Тетекс е маршот до Караниколично Езеро во јули и заедничкото организирање на летното искачување до Титов врв во август со планинарскиот клуб Јелак.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски