Фудбал
17. August 2015 - 18:30

Се одиграа две прволигашки кола

Во домашното фудбалско првенство се одиграа досега две кола.  Силекс е единствената екипа со две победи, додека Вардар со победата во дербито над Шкендија потврди дека се враќа на шампионските патеки. Први бодови во оваа рунда за Работнички, Младост Царев Двор и Металург. 
 
Шкендија и Вардар одиграа ефикасен меч во Куманово на кој гостите од Скопје се претставија во светло издание и на крајот заслужено се радуваа на победата од 3-1. 
Шампионот знаеше да ги искористи своите шанси и најави  дека креативноста е нов елемент во играта по доаѓањето на кормилото на Гоце Седлоски.  Тетовчани иако го загубија дербито сепак покажаа дека имаат квалитет за високи дострели што со право ги става на фаворитските позиции во прволигашката конкуренција. 
Првите бодови во оваа рунда ги освои и Работнички кој лесно го преброди поразот од првата рунда во Штип. Ефикасен меч со многу голови на кој и гостите од Турново имаа свои моменти и на двапати успеаја да го израмнат резултатот. 
Хит на стартот од шампионатот секако е Силекс кој ја совлада Брегалница и е единствениот тим со две победи на стартот. Кратовчани најавија дека и оваа сезона мора да се смета на нив во битката за горниот дел од табелата, нешто што на стартот и недостасува на Ренова која е единствениот тим без бодови. Гипсарите го положија оружјето и во Охрид каде новолигашот Младост Царев Двор се радуваше на првата прволигашка победа.  Убаво сефте нешто што по првите две рунди не успеаја да го почувствуваат Шкупи и Металург кои одиграа без голови на Чаир. Второ реми за домаќинот и прв прволигашки бод за гостинот во новата сезона.