Се очекува Трамп денеска да ја потпише уредбата за полициски реформи во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп денека ќе ја потпише извршната наредба за полициската реформа, иако се уште не е познато што точно ќе се промени, во време кога САД е сцена на демонстрации против расизмот и полициската бруталност.
-Крајната цел е да имаме закон и ред и сакаме тоа да се постигне на фер, праведео и сигурен начин, изјави Трамп.
Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван извор истакнаа дека Трамп денеска ќе ја потпише наведената уредба, но медиумот го користи терминот „се очекува“.
Трамп, минатата недела навести дека размислува за идејата да вклучи голем број социјални работници во работата на полицијата, но и да постави национални полициски стандарди.
Потегот на Трамп се случува додека Конгресот преговара за воведување на полициски реформи на државно ниво, иако повеќето реформи треба да ги донесат сојузните држави и локалните власти во САД, што управуваат со нивните безбедносни сили.
Демократите сакаат да забранат задушување и ненајавени полициски претреси по нарачки, а тие сакаат повеќе камери на полицајците и база на податоци за малтретирање од страна на безбедносните сили. Исто така, бараат промена на имунитетот на полициските службеници, за да им се олеснат санкциите за недолично однесување.
Левичарските активисти, од друга страна, бараат намалување на финансиите за полицијата, а парите да бидат наменети за социјални програми, а радикалната струја предложи целосно укинување на полицијата.
Републиканците, исто така, работат на своите предлози и се очекува да бидат поблаги.
Протестите ширум САД траат од минатиот месец, кога во Минеаполис Афроамериканецот Џорџ Флојд беше уапсен од полицијата, додека еден полицаец го држеше коленото врз вратот на Флојд, кој се жалеше дека не може да дише и потоа почина во полициски притвор.
Ново на Сител
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни