Бизнис
31. August 2016 - 19:41

Се обновува патната инфраструктура во мавровско

Завршува обновата на патниот правец од Ново село до Маврово во  должина од околу 12 километри Патната сигнализација треба да се постави за една недела. Во реканскиот крај паралелно се работи и други два капитални проект обнова на регионалниот пат од Мелнички мост до центар Жупа во должина од околу 8 километри како и санацијата на патниот правец од Жировница до Дебар на околу 9 километри.

-Ова е ветување кон граѓаните од минатата година што ќе го реализираме многу брзо така што за претстојната зимска сезона сите туристи но и граѓаните што гравитираат во овој регион ќе користат комплетно нов пат изјави министерот Мисајловски.

Она што ќе остане тука е патниот правец од браната Маврово до Жировница за којашто веќе распишавме тендер за проектирање и којашто очекуваме дека наредната година и тој патен правец ќе поченеме да го работиме значи останати се уште околу дваесет километри што треба да ги завршиме во наредниот период со тоа што цел овој крај реканскиот крај, западна Македонија ќе биде поврзан со нов пат, обновен пат што ќе им служи на граѓаните за безбедно и побрзо патување.

За две недели ќе биде распишан и тендер за отпочнување на градежните работи за целосна реконструкција на постојниот пат Гостивар Кичево во должина од 30 километри и со вредност од околу 6 милиони евра. Проектот ќе опфати и обнова на пет моста.

-Ние започнуваме со целосна реконструкција на постојната делница. Тоа е како што спомнав наше ветување од средбите со граѓани но не беше во нашата програма, граѓаните го бараа. Мислам дека е исклучително важно освен што ги поправаме дел од мостовите и нивна санација како и на дел од свлечиштата веќе се договоривме за целосна реконструкција, нов слој на асфалт, нови банкини, ново обележеување и се она што е потребно бидејќи паралено работиме и со тендерска постапка односно целосна документација и за нов автопат но стариот мора да го зачуваме рече Мисајловски.

Во септември надлежните најавуваат и реконструкција на автопатската делница Неготино-Демир Капија долга 8 километри